Неколку корекции во перспективата, одлучивда одам со
малце по топли бои во позадината затоа што повеќе ми одговара со темата.
После повеќе варијанти се одлучив за стилизирано новогодисно дрвце со
тродимензионален третман на формата, ке следуваат и лампиони и украси како
што споменав... Го скратив малце шишето, некако ми изгледаше премногу долго,
Следен чекор е исполнување со средна ведност на боја на децата лево позади елката,
можно е да вметнам и некое дете од десната страна затоа што вака композицијата многу
ми тежнее на левата страна, боја на лицето, иако е откачен вуду дедо мраз некој фанки,
се мислам дали да го ствам со зелена боја на кожата како стандардно сто се појавуваат по
филмови стрипови игрици, ке видиме, имам во предвид и боја на кожа некоја нијанса како тие
плавкасто пурпурните на Undead расата од World of Warcraft...
Коментари итн итн доредојдени
ShaGGy - Фала многу друже, Да Најавната шпица оди, деновиве ке закачам
на youtube и некој други анимации сто имам правено и ке постувам линкови тука.
Јас ке ја искористам оваа прилика да прашам некој што поставувал видеа на youtube да
посочи некој добар формат, кодекс, програм, тука или преку ПП.
Неколку ситни измени + основна боја на главата и капата + неколку дечиња